МНР РФ реагира на изјавите на САД за руска неподготвеност за примирје

Изјавите на американските официјални лица за наводната неподготвеност на Русија да го почитува примирјето во Сирија се нелогични и контрапродуктивни, изјави портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.

„Во услови на долгогодишен конфликт во Сирија кој никако не може да се реши, и кога сите меѓународни напори се насочени кон постигнување мирно решение, сметаме дека таквите изјави се нелогични и контрапродуктивни“, изјави Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.

„Тажно е и загрижувачки тоа што покрај сето позитивно и конструктивно што беше постигнато во Женева пред буквално недела дена, денеска да слушаме сосем други изјави од САД“, вели Захарова.

„Одлични ја разбираме природата на тие изјави, но тие не се од полза. Мора да се работи конструктивно. Ние познаваме примери од таквата работа, одлично знаеме кога САД сакаат да работат, тие знаат како да работат. Затоа таквите изјави мора да ги замени одговорна работа за реализација на постигнатиот договор“, нагласи портпаролот на МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња