Медиум: САД ќе ги прошират разузнавачките операции против Русија

Разузнавачките служби на САД ќе ги прошират операциите против Русија до размери какви што немало уште од „студената војна“, соопштува весникот „Вашингтон Пост“.

Разузнавачките служби на САД ќе ги прошират операциите против Русија до размери какви што немало уште од „студената војна“, соопштува весникот  „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на претставници на властите на САД.

Изворот во разузнавачките служби на САД вели дека, според наредбата на Белата куќа и Администрацијата на директорот за национално разузнавање (ODNI), приоритетот е зголемен првпат по распадот на Советскиот Сојуз.

Главна цел на разузнавачките служби на САД останува борбата со тероризмот, меѓутоа, вниманието и ресурсите на службите се прераспределени во насока на зголемување на трошоците за следење на Русија, истакнува изданието.

„Мобилизацијата се однесува на тајните агенти на ЦИА, средствата за кибер-разузнавање на Агенцијата за национална безбедност (НСА), сателитските системи и другите разузнавачки ресурси, рекоа официјалните лица, опишувајќи го прераспределувањето на ресурсите во разузнавачките служби кои претходно беа исклучени од следењето на Русија за да се фокусираат на заканата од тероризмот и зоните каде САД учествуваат во вооружени конфликти“, пишува изданието.

Весникот истакнува дека низа експерти сметаат дека САД премногу бавно ги преземаат овие чекори. Сумите што се трошат од разузнавачките служби за работа насочена спрема Русија пораснаа последниве две години за околу 10% од буџетот. Според информацијата на изданието, во екот на „студената војна“, оваа бројка изнесуваше околу 40%.

Исто така, според мислењето на експертите, американските специјални служби сепак не научија да ги „предвидуваат потезите на Москва“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња