Русија и САД се договорија примирјето во Сирија да продолжи уште 48 часа

Режимот на прекин на огнот во Сирија се почитува, соопшти портпаролот на Стејт департментот на САД.

Државниот секретар на САД Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се договорија да го продолжат примирјето за уште 48 часа. Ова во средата го соопшти портпаролот на Стејт департментот на САД Марк Тонер, пренесува „Лента.ру“.

„Без оглед на индивидуалните случаи на нарушување на режимот на прекин на огнот, тие се согласија дека договорот се почитува, насилството се намалило во споредба со претходните денови и недели“, изјави тој.

Тонер додаде дека се регистрираат нарушувања на двете страни, притоа, дипломатот одби да даде оценка кој повеќе го прекршува договорот. „Ние сакаме статус-квото да остане“, резимираше портпаролот на Стејт департментот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња