Москва го повикува Киев да се приклучи на прекинот на огнот во Донбас

Министерството за надворешни работи на Русија ги повика властите во Киев да ја прифатат инцијативата на ДНР и ЛНР за прекин на огнот.

„Раководителите на Донецката и Луганската република ветија дека еднострано ќе го прекинат огнот во 00:00 часот на 15 септември, а тоа значи дека единиците на народната милиција на Луганск и Донецк нема да одговараат со оган на огнот на украинската армија и националната гарда“, се вели во соопштението на сајтот на МНР Русија.

Москва ја гледа таа „одлука како важен конкретен чекор насочен кон јакнење на режимот на прекин на огнот кој страните го објавија по повод почетокот на новата учебна година, стабилизацијата во зоната на конфликтот и мирното регулирање на југоистокот на Украина според „Минската спогодба“.

МНР Русија го повикува Киев да ја прифати инцијативата на Донецк и Луганск и примирјето да добие долгорочен карактер и да отвори пат за мирот и стабилноста во регионот.

„Се надеваме дека нашите партнери во преговорите на „Нормандиската четворка“ (Германија и Франција) ќе го поддржат овој чекор, а набљудувачите на ОБСЕ од своја страна ќе помогнат да се воспостави целосно примирје“, додаваат од Министерството за надворешни работи на Русија.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња