Медиум:Стејт департментот обвинет од армијата за „нечесен сојуз“ со Русија

Некои американски функционери се разочарани од продлабочувањето на врските со Москва, пишува „Форин Полиси“.

Без оглед на тоа што Стејт департментот на САД широко го поддржува минатонеделниот договор со Русија за Сирија, некои функционери се „длабоко вознемирени“ затоа што сметаат дека Вашингтон влегол во „нечесен сојуз“ со Москва, пишува американското издание на „Форин Полиси“.

Во статијата се потенцира дека главната предност на договорот е овозможувањето пристап на хуманитарните мисии во опседнатите реони на Сирија. Според условите на договорот, борбата меѓу владините сили и силите на опозицијата во Сирија во реоните кои не се под контрола на „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра“ („Џебхат Фатах аш-Шам“) престанува. Во текот на првата недела режимот на прекин на огнот ќе се обновува на секои 48 часа, по што САД и Русија ќе почнат да ги координираат целите врз кои ќе се нанесуваат удари.

„Форин Полиси“ истакнува дека клучните функционери во Белата куќа и Стејт департментот сакаат да преговараат со Москва, затоа што се плашат од ризикот од ескалација на војната со „туѓи раце“ со Русија, или дури и од директна воена конфронтација. Сепак, некои официјални претставници на Стејт департментот и Пентагон се разочарани од продлабочувањето на врските со Москва.

Истовремено, без оглед на тоа што не сите воени функционери се согласни со дипломатскиот курс на САД, тие се подготвени да го исполнат договорот. „Нашата работа сега е да кажуваме „Да, господине!“ и да ја ставиме политиката во функција“, изјави еден од воените офицери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња