Шојгу одговори на обвинувањата на шефот на Пентагон

Има разлика меѓу светскиот предок и американскиот, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, одговарајќи на обвинувањата на министерот за одбрана на САД Ештон Картер.

Одржувањето на светскиот поредок е природна обврска на сите држави, а не само на Пентагон, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, одговарајќи на обвинувањата на министерот за одбрана на САД Ештон Картер.

„И колку побргу нашите американски колеги го сфатат тоа и почнат да се менуваат, толку побрзо ќе се решат сите насобрани несогласувања. Не само околу Сирија“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.

Шојгу повика да се прави разлика меѓу светскиот поредок со американскиот, потенцирајќи дека Русија отсекогаш се залагала за зачувување на праведен и мултиполарен свет.

Шефот на Министерството за одбрана на Русија потсети дека „токму САД заедно со западните партнери, почнувајќи од Босна и Косово и завршувајќи со Ирак и Либија, континуирано ги рушеа основите на постојниот светски поредок“.

Според Шојгу, секојпат, „газејќи на гриблата во Ирак, Авганистан, Либија, други земји, американските колеги не извлекуваат никакви заклучоци“.

Според мислењето на министерот за одбрана на Русија, време е САД да ја менуваат стратегијата на дејствување, за да не се „правдаат за своите погрешни пресметки, префрлајќи ѝ сѐ на Русија, Кина и другите земји кои имаат независен поглед на светот“.

Претходно Картер, говорејќи на универзитетот во Оксфорд, изјави дека Русија се стреми да ги поткопа основите на светскиот поредок. Тој исто така додаде дека САД не бараат непријател во Русија, меѓутоа ќе ги штитат „сојузниците, темелите на светскиот поредок и позитивната иднина која тој ни ја обезбедува“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња