Русија воведува нови санкции против ЕУ, Црна Гора и Украина

Во моментов 65% од солта во Русија е од домашно производство. Претходно една третина од пазарот на сол во Русија беше покриена со украинска сол. Денес Киев испорачува сол во Русија во мали количини. Овој производ во Русија се увезува и од Белорусија, Казахстан, Турција, Кина и ЕУ.

Руската влада ја додаде солта во списокот со производи чиј увоз е забранет во рамките на ембаргото кое стапи на сила во август 2014 година. Одлуката е објавена на официјалниот портал за правни информации. Во документот се наведува дека меѓу производите чиј увоз е забранет се наоѓа и производот под шифра 2501 00 „сол” (вклучувајќи ги и готварската и индустриската сол и чистиот натриум хлорид, како и другите подвидови и морска вода).

Забраната за увоз на сол во Русија од САД, ЕУ, Австралија, Албанија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Норвешка, Украина и Црна Гора ќе стапи на сила на 1 ноември 2016 година, пренесува „Рамблер Њуз”.

Во август заменик-директорот на управата на „Руспродсојуз” Дмитриј Леонов изјави дека во моментов 65% од солта во земјата е од руско производство. Претходно една третина од пазарот на сол во Русија беше покриена со украинска сол. Денес Киев испорачува сол во Русија во мали количини. Овој производ во Русија се увезува и од Белорусија, Казахстан, Турција, Кина и ЕУ.

Во јуни претседателот на Русија Владимир Путин го продолжи ембаргото до крајот на 2017 година со објаснување дека се работи за заштита на националните интереси на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња