„Немаме што да криеме. Сѐ што е напишано таму е предмет на договор, а ние ја презедовме обврската да исполниме сѐ совесно и да ги поттикнеме на тоа сите од кои зависи исполнувањето на различните делови од тој документ“, истакна Лавров на прес-конференцијата во Москва со шефот на МНР Луксембург Жан Аселборн.
Според Лавров, официјален Вашингтон во моментов нема намера да го објави пакет-договорот што го постигнаа РФ и САД во Женева на 9 септември.
„Ќе бараме објавување на тој документ. Предлагаме да се усвои документот без какви било промени со резолуција на Советот за безбедност на ООН“, изјави шефот на руската дипломатија, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче