Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков најави дека Русија во случај Украина да поднесе тужба по повод Крим ќе преземе законски мерки со цел заштита на своите интереси, пренесува РИА „Новости“.
„На Кремљ му е познато врз основа на написите во медиумите и соодветните изјави на официјалните претставници на Киев дека Украина подготвува тужба против РФ во рамките на Конвенцијата на ОН за поморско право. Русија во тој случај, се разбира, ќе ги употреби сите инструменти на меѓународното право за да ги оспори таквите барања и да ги заштити своите интереси“, одговори Песков на прашањето дали на Кремљ му е познато дека Украина се подготвува да поднесе тужба, со оглед на фактот дека смета дека има право на Крим.
Одговарајќи на прашањето дали Русија ќе постапи по одлука на судот во поглед на Крим доколку таа биде во корист на Украина, Песков рече дека во тој случај „не може да одговори на тоа прашање, односно ако има тужба ќе има и соодветни правни контрамерки“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче