Русија прими нота од Киев за неможноста за избори за Државната дума

Киев испрати нота до Москва во врска со изборите кои треба да се одржат на 18 септември на територијата на Русија.

Русија доби официјално известување од Киев за неможноста од спроведување избори на Украина за изборите за Државната дума на РФ, изјави во понеделникот за РИА „Новости“ извор во руското МНР.

„Нотата ја добивме, сега ќе ја разгледаме и ќе дадеме соодветна изјава“, изјави соговорникот на агенцијата.

Според портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, Москва нема намера да дискутира за изборите на своја територија со ниедна земја.

„Во целина руската страна не е подготвена да прима какви било барања. Што се однесува токму до овие тези, се разбира, тие не можат да бидат земени предвид под никакви услови“, изјави тој за новинарите.

Изборите за Државната дума на Русија ќе се одржат на 18 септември. Врховната Рада минатиот четврток се обрати до меѓународната заедница со барање да се воздржи од учество во набљудувањето на изборите за Думата, како и со барање резултатите од изборите на територијата на Крим и Севастопол да не се признаваат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња