Одделението на Министерството за внатрешни работи во Дагестан ќе предложи постхумно да биде одликуван помладиот поручник на полицијата Магомед Нурбагандов. Тој на 10 јули во текот на одморот во околината на родното село беше убиен од терористи заедно со својот роднина Абдурашид Нурбагандов. Терористите, кој го снимија злосторството со видео-камера, бараа од полицаецот да ги повика своите колеги да ја напуштат службата. Меѓутоа, Нарбангадов, гледајќи во камерата, рече: „Работете, браќа!“.
Снимката подоцна се најде во рацете на полицијата по специјалната операција која минатата недела беше спроведена во Махачкала и Избербаш. Меѓу шесте убиени членови на бандата беа нејзиниот водач Магомед Халимбеков и неговиот помошник кој учествуваше во убиството на двајцата роднини, пренесува „Комерсант“.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја коментираше иницијативата за одликување на убиениот полицаец.
„Засега ги немаме добиено документите, но не се сомневам дека што ќе пристигнат, нема да има никакво задржување или одолговлекување. Тоа е херојска постапка и не може да се смета за ништо друго“, потенцираше Песков, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче