Претходно во медиумите беше објавено дека Ходоровски поднел проект за барање алтернативни кандидати за претседател на изборите во 2018 година, пренесува РИА „Новости“.
„Ние навистина видовме во медиуми соопштенија за тоа. Овде може да се каже само едно: се разработуваат проекти, очигледно, и се подготвуваат за реализација од страна на луѓе кои веќе неповратно се одвоени од Русија, од тоа што овде е случува, од руската агенда“, изјави Песков на барањето да го коментира проектот.
На прашањето да прецизира како во Кремљ се однесуваат спрема таквата иницијатива, особено, спрема учеството во неа на ќерката на првиот претседател на Русија Татјана Јумашева, портпаролот одговори. „Не гледаме ништо интересно во тој проект. Тоа е сѐ“.
„Во целина, во тој проект“, конкретизираше Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче