Подмосковскиот аеродром „Жуковски“ го прими во понеделникот првиот редовен патнички авион, соопштува „Интерфакс“.
Летот Минск - Москва беше реализиран од страна на белорускиот национален авиопревозник „Белавиа“. Во иднина компанијата ќе врши редовен секојдневен превоз на оваа линија.
Аеродромот „Жуковски“ официјално беше отворен на 30 мај 2016 година. Со него управува компанијата „Рампорт Аеро“. Прв резидент на аеродромот е белоруската авиокомпанија „Белавиа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче