На Интернет беше објавено видео од разговорите на претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев со рибари на езерото Иљмењ, пренесува „Лента.ру“.
Владимир Путин и Дмитриј Медведев на 10 септември го посетија островот Липно во Новгородската област каде се повозија по езерото и разговараа со локалните рибари. Во текот на риболовот рибарите ги почестија Путин и Медведев со рибја чорба.
Претседателот на Русија и премиерот им ветија на рибарите помош во зачувувањето на риболовот со сојми (чамци со едра). Според локалните рибари, во моментов законот не дозволува регистрација во речниот регистар на чамци од тој тип, затоа што сојмите според класификацијата не спаѓаат во мали пловила.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче