Медиум: Путин беше најдобриот сојузник на САД по 9/11

Чиновниците во администрацијата на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш Помладиот високо го оценија ангажманот на рускиот лидер Владимир Путин во текот на терористичките напади на 11 септември 2001 година, нарекувајќи го најдобриот партнер на Америка во тој момент, пишува весникот „Политико“.

„Америка немаше подобар сојузник на 11 септември од Русија и Путин лично“, изјави портпаролот на американскиот претседател Ари Флејшер.

Истовремено, заменик-портпаролот на американскиот претседател Гордон Џондро рече дека одлуките на Путин тој ден биле од суштинско значење за Вашингтон, бидејќи САД донесоа одлука да ги стават во борбена готовност сите системи за нуклеарен напад.

„Путин се однесуваше сјајно, веднаш рече дека Русија нема да одговори и дека нема да крева тревога“, се присетува Џондро.

Во неделата се навршија 15 години откако припадници на „Ал Каеда“ грабнаа четири патнички авиони полни со патници и ги нападнаа њујоршкиот Светски трговски центар, зградата на Пентагон во Вашингтон, додека еден авион се урна во близина на гратчето Шенксвил во Пенсилванија. Нападот однесе 2996 човечки животи и се смета за најсмртоносен напад досега изведен на американска почва, пишува „Политико“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња