Лавров: Москва си ги штити интересите и промовира агенда на обединување

Москва спроведува балансирана надворешна политика која ги штити националните интереси на РФ и се промовира обединувачка агенда, се вели во писмото на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров до членовите на дипломатскиот клуб.

„Нашата земја спроведува балансиран надворешнополитички курс ориентиран кон заштитата на националните интереси на надворешната политика, а во исто време промовира обединувачка агенда и потрага по заеднички одговори на заедничките за сите предизвици“, изјави Лавров. Текстот на писмото на состанокот на клубот го читаше ректорот на Дипломатската академија на МНР РФ Евгениј Бажанов, пренесува РИА „Новости“.

„Како и во ерата на Горчаков (Александар Михајлович Горчаков, руски дипломат и политичар од 19 век – заб. на ред.), ние континуирано се залагаме за неприфатливоста на какви било чекори, лишени, според неговиот прецизен израз, од достоинство, кредибилитет и ефикасност“, додаде Лавров.

„Наследството на Горчаков е повеќеслојно, а неговата дипломатска филозофија и денес ја задржува својата актуелност. Основните принципи на кои тој се потпираше во својата работа, се разбира, креативно осмислени,  со оглед на тековната меѓународна реалност се темелот на надворешната политика на модерна Русија“, констатира рускиот министер.

Во изјавата на рускиот министер за надворешни работи, исто така, се истакнува дека „ние сме заинтересирани нашите пристапи да бидат разбирливи за нашите партнери, вклучително и за претставниците на дипломатскиот кор во Москва“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња