Кремљ демантира дека се меша во изборот за генерален секретар на ООН

Претходно во медиумите се појави информација дека рускиот претседател Путин и германската канцеларка Меркел се договориле да поддржат друг кандидат од Бугарија наместо сегашниот кандидат Ирина Бокова.

Информациите во бугарските медиуми дека Русија наводно се согласила да поддржи друг кандидат од Бугарија на местото генерален секретар на ООН од сегашната кандидатка  Ирина Бокова не одговараат на реалноста, изјави за ТАСС портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Не е така“, изјави тој, коментирајќи ги информациите дека таков договор наводно бил постигнат во текот на средбата на шефот на руската држава со канцеларката на Германија Ангела Меркел на маргините на неодамна одржаниот самит на Г-20. Функцијата генерален секретар на ООН, која од 2007 година ја врши Јужнокореецот Бан Ки Мун, ќе биде слободна на 1 јануари 2017 година. Според постојните правила, за назначување на таа должност, на кандидатот му се потребни 9 гласа „за“, вклучително на сите пет постојани членки на Советот за безбедност на ООН. Потоа името на кандидатот ќе биде дадено на гласање во Генералното собрание на ООН.

Претходно во саботата портпаролот на МНР РФ Марија Захарова потенцираше дека обидите на одделни држави да влијаат врз кандидатурата на предложените кандидати на некои земји за местото генерален секретар на ООН се неприфатливи, а соопштенијата дека Русија можела да поддржи такви активности се лага. Според неа, изборот на кандидат за генерален секретар на ООН е суверена одлука на самата земја која кандидира свој претставник.

Захарова исто така ги нарече таквите соопштенија како обид „да се вовлече Русија во заткулисни игри“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња