Бајден: Соработка со Русија во Сирија ако Москва ги почитува условите

Вашингтон нема да соработува со Москва ако Русија „не направи правилен избор“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден.

САД ќе соработуваат со Русија за сириското прашање единствено ако Русија ги исполнува условите за примирјето во Сирија кои претходно беа договорени меѓу шефот на МНР РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери. Ова го изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден во интервју за „Јаху Њуз“.

„Ако Русија навистина го исполни својот дел од договорот, односно да не им даде на ВВС Сирија да се кренат во воздух, ако овозможи да се реализира испорака на хуманитарна помош во Алепо, што ќе спаси мноштво животи, и ако потоа се договориме кој е непријател, на пример, „Џебхат ан-Нусра“, „Ал Каеда“, „Исламската држава“, тогаш можеме да соработуваме со нив“, изјави Бајден.

Тој исто така изрази увереност дека Вашингтон нема да соработува со Москва ако Русија „не направи правилен избор“. Бајден потенцираше дека ниту една од точките во договорот за Сирија не се заснова на доверба.

Од друга страна, специјалниот претставник на САД за Сирија Мајкл Ратни изјави дека вооружената сириска опозиција, според руско-американскиот договор, има право на самоодбрана доколку биде нападната од владините сили или од Русија, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на писмото на дипломатот до сириските бунтовници.

Претходно Слободната сириска армија изјави за подготвеност за примирје ако на примирјето се придружат силите на претседателот на Сирија Башар Асад, пишува „Газета.ру“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња