Порошенко одбива да спроведе руски избори „во Украина“

Претседателот на Украина Петро Порошенко му наложи на министерот за надворешни работи Павло Климкин да ја информира Русија за невозможноста од спроведување избори за Државната дума „во Украина“, соопшти портпаролот на Порошенко Свјатослав Цеголко.

Пратениците во Врховната рада претходно ги повикаа странските колеги да не ги признаваат резултатите од изборите на Крим и да ги обнародат официјалните изјави за „нелигитимноста на признавањето на резултатите од изборите за Државната дума на РФ“, пренесува РИА „Новости“.

„Претседателот му наложи на министерот за надворешни работи да ја информира Москва за невозможноста од спроведување на руски избори на територијата на Украина“, напиша Цеголко на „Твитер“.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во четвртокот изјави дека Русија нема да го земе предвид ставот на Украина за изборите на Крим, затоа што полуостровот е дел од Русија.

Изборите за Државната дума на РФ ќе се одржат на 18 септември.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња