Како што истакнува изданието, коментарите на Трамп дека Владимир Путин е силен лидер и значително го надминува во тој однос претседателот на САД Барак Обама, предизвикуваат немир дури и кај републиканците, сепак тие изјави се во целосна согласност со резултатите од испитувањата на јавното мислење, пишува „Вашингтон Пост“.
Така, во 2014 година „Универзитетот Квинипиак“ спроведе анкета во САД во која се оценуваа силните лидерски квалитети на Путин и Обама. 57% од испитаниците се изјаснија дека такви квалитети поседува рускиот претседател, додека само 49% истакнаа дека Обама поседува такви квалитети, пишува авторот на статијата.
Во 2015 година во текот на слична анкета на „Фокс Њуз“ Обама исто така заостануваше зад Путин. Дека имаат„силен и решителен лидер“ во однос на блискоисточната политика сметаа само 32% од Американците, додека Русија имаше 46%.
Затоа показателите од општественото мислење во САД за рускиот лидер предизвикуваат особена загриженост, затоа што тие го „зацврстуваат статусот на Путин како светски лидер“, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче