Штаjнмаер: Русија и САД преговараат за Сирија

Според министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, страните ја разгледуваат можноста за „привремено“ примирје.

Русија и САД ја разгледуваат можноста за организирање „привремено“ примирје во Сирија кое би траело од 7 до 10 дена, изјави во петокот шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

Според германските медиуми, тој објаснил дека Москва и Вашингтон разгледуваат „документ за реално примирје чие траење може да биде од седум до десет дена“, пренесува „Интерфакс“.

Министерот потенцира дека, според неговите информации, на преговорите во Женева меѓу РФ и САД „нема недостиг од желба. Но постојат разногласија кои, за жал, не се надминати“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња