Русија успешно тестираше балистичка ракета „Топољ“

Експерименталниот боев дел на ракетата со висока прецизност ја погоди замислената цел на полигон на полуостровот Камчатка.

Од космодромот Плесецк успешно е реализирано пробно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета „Топољ“, соопшти одделот за информација и масовни комуникации на Министерството за одбрана на Русија.

„Целта на лансирањето беше потврдување на основните полетно-технички карактеристики на интерконтиненталната балистичка ракета„Топољ“, како и тестирање на перспективната боева опрема и средства за надминување на ПРО. Поставените цели на лансирањето се постигнати во целосен обем“, се вели во соопштението на министерството, пренесува „Лајф.ру“.

Експерименталниот боев дел на ракетата со висока прецизност ја погоди замислената цел на полигон на полуостровот Камчатка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња