„Инсистираме севернокорејската страна да престане со своите опасни авантури, прецизно да ги исполнува сите прописи на Советот за безбедност на ОН, целосно да ги прекине ракетно-нуклеарните програми и да се врати на Договорот за неширење на нуклеарното оружје“, се наведува во документот, пренесува ТАСС.
МНР Русија наведува дека активностите на Северна Кореја се насочени кон поткопување на глобалниот режим на неширење на нуклеарното оружје, претставуваат сериозна закана за мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров во Тихоокеанскиот регион.
Русија повикува на воздржаност од чекори кои можат да доведат до ескалација на Корејскиот полуостров. МНР нагласува дека новите проби ќе имаат негативни последици за Пјонгјанг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче