Министерството за одбрана на Русија објави на својот канал на „Јутјуб“ видео од успешно лансирање на ракети „Калибар“ во текот на воените вежби „Кавказ 2016“, пренесува РИА „Новости“.
Гаѓањето е извршено од бродовите на Касписката флотила „Град Свијажск“ и „Углич“. На првата етапа од маневрите бродовите реализираа заеднички дејствија при водење борба со надводни бродови на замислениот противник.
Во текот на вежбите екипажот на бродот „Град Свијажск“ погоди крајбрежна цел на растојание од 180 километри која беше команден пункт на „противникот“. Втората ракета, лансирана од „Углич“, уништи „брод“ на растојание од 120 км.
Стратешките командно-штабни маневри на Вооружените сили на Русија „Кавказ 2016“ стартуваа на 5 септември. Во вежбите учествуваат 12,5 илјади војници, најнова техника, авијација и флота. Маневрите завршуваат на 10 септември.
Видеото од лансирањето можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче