Медиум: САД ја обвинуваат Русија за она што самите го прават

Вашингтон и медиумите ја осудуваат Москва за воено мешање во сирискиот конфликт, додека своето учество во него го оценуваат не само како нормално, туку и како нешто неизбежно, пишува „Национален Интерес“.

САД ја обвинуваат Русија и други земји за провокации, макар што токму нивното однесување би можело да се нарече провокативно, пишува „Национален Интерес“.

Авторот на статијата Тед Гален Карпентер укажува на противречностите на ситуацијата во која американските вооружени сили дејствуваат далеку од своја територија, додека за провокации ги обвинуваат оние земји во чија зона на интерес влегуваат.

„Тоа е тема на која наидуваме премногу често: идејата за тоа дека сите дејствија на САД на меѓународната сцена не само што се прифатливи, туку треба да бидат надвор од сите прашања и критики“, пишува аналитичарот.

Како примери тој ја наведува ситуацијата со Русија во Сирија и во балтичките земји, со Иран во Персискиот залив и со Кина во Јужното кинеско море.

Вашингтон и медиумите ја осудуваат Москва за воено мешање во сирискиот конфликт, додека своето учество во него го оценуваат не само како нормално, туку и како нешто неизбежно.

Американските „јастреби“ сметаат дека интервенцијата на Русија во конфликтот во Сирија е без преседан. Притоа Сирија се наоѓа на помалку од илјада километри од јужната граница на Русија, а владејачкото семејство Асад е одамна еден од политичките сојузници на Москва,  објаснува Карпентер.

Во балтичките земји Вашингтон спроведува исто такви двојни стандарди. Америка повеќепати се жалеше на тоа дека руски воен брод или авион ја попречува активноста на американските бродови, но на нејзините претставници не им текнува дека Москва ги има сите причини да гледа на присуството на Американците во непосредна близина на Русија како закана, истакнува авторот на текстот.

„Ставот спрема кој ниедни воени дејствија на САД не можат да бидат сметани како за провокативни трае веќе со години и е присутен дури и кога американските вооружени сили дејствуваат во непосредна близина на други големи сили“, се наведува во статијата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња