Генералниот секретар на ОБСЕ изјави дека во Донбас нема руска војска

Генералниот секретар на ОБСЕ истакна дека во Донбас пристигнува странска техника и гориво.

Нема руска војска во зоната на спроведување на воената операција во Донбас, изјави генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер пред новинарите во Киев.

„Продолжуваме да зборуваме дека тоа е хибриден конфликт, а хибридниот конфликт предвидува присуство на хибридни војски. Кога ме прашуваат дали се присутни таму руски единици, тогаш јас, од информациите на нашите набљудувачи, велам дека такви единици таму нема“, соопшти Заниер, пренесува РИА „Новости“.

Притоа тој истакна дека во Донбас се присутни војници од други региони, без да прецизира од кои. Генералниот секретар на ОБСЕ истакна дека во Донбас пристигнува странска техника и гориво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња