Украински суд одби да ја признае „вооружената агресија“ на Русија

Апелацискиот суд во Киев одби да признае вооружена агресија на Русија против Украина, соопштија украинските медиуми.

На тој начин е потврдена пресудата на првостепениот суд со која се отфрла тужбеното барање на правникот Станислав Батрин кој инсистираше на потврдување на вооружената агресија на Русија против Украина. Во текот на судскиот процес се одбиени вкупно осум негови поднесоци вклучувајќи го и барањето за сослушување на министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков, пренесува „Лента.ру“.

Претходно пратеникот во Врховната рада Евгениј Муравјов изјави во август дека украинската страна во текот на двете години конфликт во Донбас не успеа да утврди и да им достави на меѓународните организации никакви убедливи докази за руска агресија.

Судот во Киев во мај одби да го признае делото на вооружена агресија на Русија против Украина. Батрин го поднесе тужбеното барање во 2014 година, а во текот на судењето беа поднесени над илјада страници официјални документи како доказен материјал.

Украинскиот парламент минатата година ја прогласи Руската Федерација за држава-агресор.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња