„Шведска нема правна основа да го запре проектот“, изјави Валстром и додаде дека во рамките на ЕУ „Шведска ќе стори сѐ гасоводот да биде изграден со почитување на стандардите за безбедност и заштита на животната средина“, пренесува „Взгљад“.
„Заедно со балтичките земји сме многу активни во Европската комисија и затоа одредивме специјален претставник“, нагласи министерката.
Тврдењето на еден шведски пратеник дека изградбата на гасоводот може да биде блокирана врз основа на меѓународното право Властром го нарече „празни зборови“.
Претходно на 30 август Валстром изјави дека Шведска, Естонија, Литва и Литванија имаат ист поглед на проблемот на безбедноста во балтичкиот регион, вклучувајќи ги и проблемите до кои може да доведе реализацијата на „Северен тек 2“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче