Огромна заинтересираност за изучување руски

Од Рускиот центар при УКИМ се пријатно изненадени од одѕивот на граѓаните за изучување на рускиот јазик.

По огласот за бесплатно изучување на рускиот јазик од страна на Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје граѓаните на Република Македонија покажаа огромен интерес и во текот на две недели се пријавија над 850 лица. Пријатно е тоа што голем интерес за изучувањето на рускиот јазик покажаа студентите и средношколците, а исто така и голем број вработени граѓани, како и пензионери и невработени.


Од Рускиот центар при УКИМ велат дека сега следува фазата на подготовка, пред сѐ на формирање на соодветни групи, како и обезбедување на соодветни услови за изведувањето на настава со олку голем број курсисти.

Многу заинтересирани не успеаја навреме да ја поднесат апликацијата за бесплатно изучување на рускиот јазик, но од Центарот велат дека тие нема да завршат само со овој упис. Уписи се очекуваат и следната академска година, кога повторно сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават.

Во меѓувреме, Рускиот центар при УКИМ се подготвува и за започнување на активности во новата академска година. Планирани се голем број настани, интересни гостувања, предавања, изложби, за кои се верува дека ќе бидат исто толку привлечни за граѓаните на Република Македонија како оние од минатата година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња