Кремљ одговори на ветувањето на Трамп за добри односи со Русија

Претходно кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека во случај на победа на изборите има намера да воспостави „многу добри“ односи со Русија.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи го ветувањето на кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп за добри односи со Русија, изјави дека Кремљ не се ориентира според изјавите на кандидатите, туку е најважно што ќе каже новиот претседател на САД, пренесува РИА „Новости“.

Трамп претходно изјави за американскиот канал „Ен-Би-Си“ дека во случај на победа на изборите, има намера да воспостави „многу добри“ односи со Русија. Притоа републиканецот искажа мислење дека Владимир Путин е поспособен лидер од Барак Обама. „Ние првенствено, се разбира, се ориентираме не според изјавите на кандидатите, ние сепак се ориентираме на изјавите на претседателот на САД и затоа, повторно ќе кажам, најважно е што ќе каже новоизбраниот претседател на САД“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Кремљ гледа позитивно на изјавата на Трамп.

Портпаролот на рускиот лидер исто така истакна дека Москва го набљудува текот на изборната кампања во САД и ги забележува изјавите на кандидатите кои активно ја користат руската тема.

„Се надеваме дека по завршувањето на изборната кампања ќе гледаме таква политичка волја во насока на градењето на добри односи меѓу државите“, потенцираше Песков.

Името на новиот претседател на САД ќе се дознае на 8 ноември.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња