МНР РФ: Изјавите за „вмешаност“ на РФ во изборите во САД се знак на немоќ

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги критикува изјавите од САД за руска вмешаност во изборниот процес во САД.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на телевизијата во програмата на телевизијата „Русија 24“ ги критикуваше изјавите на САД за вмешаност на Москва во процесот за избор на американски претседател.

Захарова ги нарече таквите изјави „знак на немоќ“ и „ќорсокак за нови идеи“.

„За да се привлече вниманието на луѓето, потребно е да се даваат свежи, иновативни идеи за развој на сопствената земја, а не да се покажуваат тие лигави, бајати и силно обележани карти на кои е напишано „руски хакери“, изјави портпаролот на руското МНР.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња