Лавров до Кери: незадоволство од новите санкции на САД

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во телефонски разговор со државниот секретар на САД Џон Кери изрази незадоволство од новите американски санкции.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Џон Кери изрази незадоволство од новите санкции на Вашингтон поради украинската криза, се вели во соопштението на МНР РФ.

„Беше потенцирано дека нормалната соработка, вклучително и за регулирање на регионалните конфликти, за што постојано нѐ моли во работните контакти администрацијата на Барак Обама, е невозможна без почитување на елементарните правила“, раскажаа за содржината на разговорот од МНР РФ.

Разговорот се одржа на иницијатива на американската страна, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња