Кремљ ќе одговори на новите санкции на САД

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ ќе го анализира проширениот список на американски санкции.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ ќе го анализира проширениот список на американски санкции, пренесува „Лента.ру“.

„Уште еднаш можам само да повторам дека, несомнено, кога станува збор за санкции, главниот принцип од кој поаѓаме е принципот на реципроцитет“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Москва подготвува возвратни рестриктивни мерки.

Според него, проширувањето на списокот со санкции против Русија е во сериозна дисонанса со прашањата за можна соработка меѓу двете земји во чувствителните сфери кои беа дискутирани од претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Барак Обама во текот на средбата на маргините на самитот на Г-20.

 „Можам да изразам жалење што средбата на двајцата претседатели беше помрачена токму од таквите дополнителни чекори за проширување на санкциите“, додаде Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња