Забраната може да се случи доколку руската страна се откаже од украинските услуги за сервисирање на леталата, изјави претседателот на „Антонов“ Александар Коцјуба, пренесува РИА „Новости“.
Претходно медиумите соопштија дека со техничко опслужување на транспортните авиони Ан-124 „Руслан“ може да се зафати Авијацискиот комплекс „Иљушуин“ (ОАО "Ил").
„Компаниите кои го користат Ан во Русија прават активни обиди да се оддалечат од „Антонов“ како конструктор и да ја префрлат таа функција на своите руски компании, во наведениот случај се работи за компанијата „Иљушин“, изјави претседателот на „Антонов“ на прес-конференцијата.
„Тие можат во својата земја да ги коригираат тие правила, законите, како им одговара. Друго прашање е тоа што ние како конструктор имаме право да ставиме забрана на летовите на нивните авиони надвор од Русија“, додаде тој.
Коцјуба додаде дека „Антонов“ во целост ги извршува своите функции за опслужување на авионите.
„Се разбира, ќе ставиме (забрана за летови надвор од границите на Русија), затоа што тоа е имиџот на компанијата, тоа се наши авиони кои се правеа овде и, ако некој управува со техничката компонента покрај „Антонов“, ние просто не ја гарантираме безбедноста на тие летови“, потенцираше тој.
Во Русија авионите „Антонов“ се користат како за патнички, така и за товарен транспорт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче