По завршувањето на преговорите што се одржаа минатата недела меѓу претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак беше постигнат договор за најскоро завршување на сите неопходни подготвителни процедури за почеток на реализацијата на проектот „Турски тек“, пишува „Взгљад“.
„Почетокот на издавањето на дозволите претставува позитивна вест за „Гаспром“. Наведениот потег на турската страна ја одразува заинтересираноста на турската влада за проектот „Турски тек“ и сведочи за преминот кон негова практична реализација“, изјави Милер.
Претходно на 1 август Русија и Турција се договорија во најкраток рок да ги издадат дозволите за „Турски тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче