Поддршката од Русија за претседателот на Сирија Башар Асад ќе доведе до изолација како на Дамаск, така и на Москва, изјави главниот надворешнополитички советник на Барак Обама Бен Роудс.
„Нема околности под кои тие можат да продолжат да го поддржуваат режимот, а тоа да не доведе до понатамошна меѓународна изолација не само на режимот на Асад, но во крајна линија и на Русија“, изјави Роудс, пренесува „Взгљад“.
Претходно портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека поддршката од Русија за владата на Сирија го усложнува решението на конфликтот во таа земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче