Во 2018 година се навршуваат 100 години од раѓањето на Александар Солженицин, поради што владата на РФ во 2015 година изработи план за основните манифестации во чест на писателот. Околу 90 различни настани, насочени кон подлабоко проучување и популаризација на творечкото наследство на авторот меѓу младината и постарата генерација, ќе бидат реализирани во текот на таа година, соопштува РИА „Новости“.
„Министерството за надворешни работи на РФ планира да се обрат до УНЕСКО со предлог да се прогласи 2018 година за Година на Александар Солженицин. Во случај на потврдна одлука од УНЕСКО, 11 декември 1918 година – денот на раѓањето на Александар Солженицин – ќе биде вклучен во списокот на датуми за сеќавање на УНЕСКО, а кои имаат особено значење за целото човештво“, изјави Приходко, додавајќи дека одржувањето на манифестациите под закрила на УНЕСКО „ќе овозможи да се привлече поголемо внимание на меѓународната заедница кон творештвото на Солженицин“.
Во јубилејната година во Москва ќе се отворат спомен дом на писателот на улицата „Тверска“, во Рјазањ ќе се појави музеј на Александар Солженицин, а Министерството за култура на РФ ќе објави конкурс за најдобро архитектурно решение за споменик на авторот кој ќе се појави на плоштадот на улицата која ќе го носи неговото име.
Манифестации исто така ќе се одржат и во странство. Руските центри за наука и култура во разни земји подготвуваат изложби и конференции, во Париз во седиштето на УНЕСКО ќе се одржи тркалезна маса посветена на животот и творештвото на писателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче