Русија и Египет продолжуваат да преговараат за испорака на бродски хеликоптери Ка-52К наменети за носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“, соопшти за РИА „Новости“ во вторникот помошникот на претседателот на РФ за Воено-техничка соработка Владимир Кожин.
„Да, се водат такви преговори. Поподробни детали не можам да ви дадам“, изјави тој, одговарајќи на прашањето на новинарот.
Како што е познато, носачите на хеликоптери „Мистрал“, кои Египет ги купи од Франција, првично беа наменети за потребите на руската флота и хеликоптерите Ка-52К се специјално проектирани токму за бродовите од таа класа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.