Порошенко: Штетата од затворањето на рускиот пазар е 15 милијарди долари

Претседателот на Украина Петро Порошенко во годинешното обраќање до пратениците во Радата изјави дека затворањето на рускиот пазар за украинската роба „беше економски шок“ за Украина кој ја чини земјата најмалку 15 милијарди долари.

Според Порошенко, до пред некое време речиси третина од украинскиот извоз одеше на рускиот пазар, но последниве години обемот на извоз во Русија се намалил за пет пати. „Во 2015 година, во споредба со 2014, нашиот извоз во Русија се намали за половина, и тоа сѐ уште не е дното: минус 34% на крајот на првото полугодие. Уделот на Русија во украинскиот извоз изнесува, како што веќе кажав, само 9%, со тенденција за понатамошен пад“, изјави Порошенко, пренесува „Взгљад“.

Според него, затворањето на рускиот пазар за Украина „беше економски шок“.  

„Тоа нѐ чинеше, според некои пресметки, минимум 15 милијарди долари, загубивме десетици, ако не и стотици илјади работни места. И таа економска агресија е една од главните причини за стрмоглавиот пад на животниот стандард“, додаде тој.

Претходно Киев изјавуваше дека Украина ќе загуби околу 1 милијарда долари поради ограничувањата кои Русија ги воведе поради приклучувањето на Киев на зоната за слободна трговија со ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња