Париз: ЕУ е подготвена за единствена економска зона со Русија

Европската унија е подготвена да го поддржи проектот за единствена економска зона од Лисабон до Владивосток штом ќе се реши украинската криза, изјави во Советот на Федерацијата на РФ францускиот амбасадор во Москва Жан Морис Рипер.

„Сакам уште еднаш да ве уверам дека штом се најде решение за Украина, ние ќе бидеме подготвени на долгорочна основа да работиме на создавање заедничка економска зона од Лисабон до Владивосток“, се вели во рефератот на францускиот амбасадор под наслов „Русија-Франција – парламентарен поглед на иднината“, пренесува „Взгљад“.

„Европската унија е решена да го продолжи дијалогот со Русија во однос на многубројните и важни теми – економијата, енергетиката, човековите права, безбедноста“, изјави тој.

Во неговиот реферат стои дека развојот на дијалогот со Франција може и мора да одигра особено важна улога во надминување на кризата во заемното разбирање меѓу Русија и Западот, а Париз може да биде локомотивата во приближувањето на Европската унија и Евроазиската економска зона.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња