Медиум: Обама го вртат околу малиот прст и Русија, и Кина

Барак Обама им дозволува на другите земји да го вртат околу малиот прст, изјави експертот за национална безбедност на „Фокс Њуз“ Кејти Мекфарланд.

Според експертот за национална безбедност на „Фокс Њуз“ Кејти Мекфарланд, американскиот претседател „го вртат околу малиот прст Путин, Русите, Кинезите, Севернокорејците, Иранците“.

„Стратегијата „управување од зад грб“ на која се придржува Обама, почнува да дава плодови. Нас нѐ игнорираат, со нас господарат“ се жали Мекфарланд.

Понекогаш тоа се гледа од незначителните нешта – на пример, кога Кинезите не дадоа да се доближат помошните скалила до авионот на Обама кога американскиот лидер пристигна на самитот на Г-20 во Хангжу.

Меѓутоа, тоа може да бидат и позначителни нешта. Како пример, Мекфарланд ја наведува Русија. Според неа, „Русите фактички им велат на САД: „Момчиња, ако ни пречите, ќе ве бомбардираме“. И Вашингтон засега нема никакви полуги за притисок со чија помош би можела да се „смири“ Москва, додава експертот на „Фокс Њуз“.

САД се лажат себеси, сметајќи дека играат некаква улога на Блискиот Исток, уверена е Мекфарланд. Според на, на Блискиот Исток останаа две страни: едната – Русија и Иран на страната на Асад, додека втората страна е „Исламската држава“.

САД во оваа ситуација се „митската трета страна“ која сака да се ослободи и од Асад, и да се бори со ИД. „Но како резултат ние стоиме таму осамени, заглавени во самиот центар на граѓанската војна“, смета експертот.  

Според нејзините зборови, преговорите со Русија нема да им помогнат на САД да ги решат проблемите на Блискиот Исток независно од тоа кој ќе ги води – Обама, државниот секретар Кери или дури и „потенцијалниот претседател Клинтон“.

„Русите едноставно ги оставаат далеку зад себе САД и нивната надворешна политика“, заклучува Мекфарланд.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња