Претседателот на Украина Петро Порошенко во своите говори вината за сите неволји ја префрла на Москва и убедливо зборува за достигнувањата на украинската демократија, небаре живее во некој паралелен свет“, пишува „Комсомолскаја правда”.
„Обраќањето на претседателот Порошенко во Врховната рада е сепак посебен жанр. Тој умее одговорноста за сите несреќи ненаметливо да ја префрлува врз Москва и убедливо да зборува за најважните демократски достигнувања, за најсилната армија, за чесната и непоткуплива полиција... Тешко е да се каже како тој го постигнува толку фрапантното отстапување од реалноста која го опкружува. Но, се чини дека тој навистина верува во својата паралелна реалност. Во неа може удобно да се смести”, пишува коментаторот на весникот „Комсомолскаја правда” Александар Коц.
„Можеби тој навистина, изговарајќи ги зборовите: „Ние никако не го нарушуваме правото на телевизиските канали и радио-станиците да емитуваат програма на руски и на други јазици за да одговорат на потребите на сите граѓани на Украина“, не знае дека ТВ-каналот „Интер“ е веќе три дена под опсада. Најпрвин за малку ќе го запалеа заедно со новинарите, а потоа го опкружија со автомобилски гуми, блокирајќи ги влезовите и излезите. А ако претседателот не знае ништо за тоа, тоа кажува на парализа на власта“, смета коментаторот.
Палењето на телевизии и држење на новинари под опсада, меѓутоа, не е обичај во европското општество. Таму со тоа се занимаваат терористите, продолжува новинарот. „Ако одреди специјалци со шмркови и автомати не ја растеруваат толпата која сака живи да ги запали новинарите, и тоа е знак за парализа на државата“, се наведува во текстот.
Коментаторот смета дека тој линч во центарот на градот исто така е знак за деградација на државата.
„Убаво е кога сѐ може да се префрли врз надворешниот непријатели и затоа всушност и трае војната во Донбас, која е фактички и најголемиот показател на деградацијата на украинската држава“, заклучува авторот на текстот.
Пред зградата на ТВ „Интер” од понеделникот траат протести. Демонстрантите сметаат дека ставот на телевизијата е наводно проруски и дека ѝ „нанесува штета на Украина“. Демонстрантите на местото на протестот поставија шатори и донесоа автомобилски гуми. Блокадата денеска попладне беше привремено запрена. Демонстрантите му дадоа рок од пет дена на раководството на телевизијата да ја промени содржината на програмата.
Претходно во неделата изби пожар во зградата на телевизијата. Претставниците на ТВ-каналот тврдат дека пожарот е подметнат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче