„Првите „Сармати“ ќе пристигнат во Ракетните сили за стратешка намена не подоцна од 2019 година. Најверојатно во 2018 година“, изјави извор во одбранбено-индустрискиот комплекс, пренесува „Взгљад“.
Модернизацијата на Краснојарскиот машински завод овозможи да се активира работата на проектот РС-28 „Сармат“, каде што се произведуваат интерконтиненталните балистички ракети, истакна изворот.
На 10 август извор соопшти дека во Русија се извршени успешни огнени тестирања на моторот од прв степен на ракетата РС-28 „Сармат“.
Ракетата „Сармат“ треба да биде замена за ракетата Р-36М2 „Војвода“ (Воевода). Како што се очекува, корисниот товар на новата ракета достигнува 10 тони споредено со 8,75 тони на нејзината претходничка. Планирано е новата ракета да стане дел од вооружувањето на руските сили на крајот на 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче