Шефот на руската држава смета дека Русите исто така ги одликува искреноста и дури и малку наивност“, соопштува ТАСС.
Путин ги советува странците да разговараат со луѓето кога ја посетуваат Русија за подобро да ги разберат Русите.
„Ве уверувам: штом ќе почнете да се среќавате со обичните, едноставните граѓани, ќе сфатите што е рускиот човек, и воопшто Русинот, независно дали е тоа Татарин, Мордовиец, Чеченец, Дагестанец – многу отворени луѓе, отворени и дури и малку наивни. Но има една карактеристична црта која, веројатно, ја имаат сите народи, но кај нас е особено изразена. Тоа е стремежот за правда“, изјави Путин.
Според мислењето на Путин, стремежот за правда е „една од доминантните црти во менталитетот на „Русинот и рускиот човек“. Како што истакна претседателот на Русија, за рускиот човек исто така е карактеристичен и стремежот кон моралниот идеал и високите морални вредности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче