Путин: Идниот лидер на Русија треба да биде млад, но зрел

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази мислење дека идниот руски лидер треба да биде доволно млад, но зрел човек.

„Поаѓам од тоа дека идниот лидер треба да биде доволно млад, но зрел“, изјави Путин во интервјуто за „Блумберг“, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, Путин смета дека е апсолутно прерано да се зборува за неговото учество на претседателските избори во 2018 година, затоа што „засега ништо немам решено“.

Во април Путин, одговарајќи на прашање за учество во претседателските избори 2018 година, исто така изјави дека е сѐ уште рано да се зборува за тоа.

Шефот на руската држава изјави дека ќе донесе одлука за неговото учество на претседателските избори во 2018 во зависност од резултатите на неговата работа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња