„Обично нашите средби со Путин течат во отворен, чесен, деловен тон, и оваа не беше исклучок“, изјави Обама.
Американскиот лидер исто така рече дека со Путин дискутирале за прекинот на огнот во Сирија, при кој Русија и САД ќе се фокусираат на ИД и „Ан-Нусра“.
„Одржавме конструктивни разговори за тоа како ќе изгледа реалниот режим на прекин на огнот, што ќе ни дозволи нам – на РФ и САД – да се фокусираме на заедничките непријатели како што се ИД и „Ан-Нусра“. Но имајќи го предвид јазот во довербата кој постои, тоа беа сериозни преговори и засега не успеавме да ги зближиме позициите за да може да профункционира тоа“, изјави тој.
„Му дадов инструкции на државниот секретар Кери, а Путин – на господинот Лавров – да продолжат да работат на ова (постигнување договор) наредниве денови“, додаде Обама.
Освен тоа, Обама изјави дека дискутирал со Путин за кибер-безбедноста, пишува „Взгљад“.
Исто така претседателот на САД изјави дека до реализацијата на „Минската спогодба“ санкциите против Русија нема да бидат укинати.
„Постои „Минската спогодба“... меѓутоа не се реализира. Дадов јасно до знаење дека додека не биде исполнета, САД нема да ги укинат санкциите (спрема РФ), изјави Обама. „Важно е двете страни да ја искористат можноста наредниве недели за да го финализираат документот кој ќе биде спроведен во реалност“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче