Чешкиот генерал-мајор во пензија Хинек Блашко во интервју за „Парламентни Листи“ го коментираше можниот конфликт меѓу Русија и НАТО и патем раскажа интересна анегдота.
Оружјето на Северноатлантската алијанса, вклучувајќи ги и средствата за масовно уништување, се распоредува сѐ поблиско и поблиско до руските граници, потсетија новинарите во интервјуто со генералот, додека еден читател праша дали треба да се плаши од најлошото, односно од конфликт меѓу НАТО и Русија. Генералот одговори со анегдота.
„Има еден виц на интернет. Обама и неговите генерали полемизираат во Пентагон и никако да се договорат кога е најдобро да ја нападнат Русија. На крај се решаваат да ги прашаат Французите.
„Ние не знаеме, ама зиме сигурно не, лошо ќе се заврши тоа“.
Потоа решиле да ги прашаат Германците. А овие одговараат: „Ние не знаеме, само никако лете. Веќе се обидовме“. Што да се прави? Некој предлага да ги прашаа Кинезите, тие се прогресивни, имаат нови идеи. И така ги прашуваат Кинезите: „Кога е најдобро да се нападнат Русите?“ А Кинезите одговараат: „Сега, веднаш!“ Русија почна да ги гради гасоводите „Силата на Сибир“, „Турски тек“, па космодромот „Восточни“, мостот на Крим, наскоро ќе ја модернизираат Бајкалско-Амурската магистрала, потоа ќе градат нови спортски комплекси за Светското првенство во фудбал, а планираат и експлоатација на Арктикот. Генерално, сега им се потребни заробеници повеќе од кога било претходно“.
Блашко исто так наведе и цитат од романот „Доживувањата на добриот војник Швејк“ на Јарослав Хашек. Новинарите го прашаа дали во случај на „конвенционална војна со Русија“ можат да се повторат некои појави од Првата светска војна, како на пример бројни дезертери, создавање на таканаречени легии и слично.
„Окружниот началник и јас секогаш велевме: Патриотизмот, преданоста на службата, самоусовршувањето, тоа е вистинското оружје во војната“. Ве потсетувам на тоа во моментот кога нашите воени сили наскоро ќе поминат преку границата“, го цитира генералот во својот одговор писателот Хашек, пренесува „Иносми.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче