Брисел на 15 септември ќе донесе конечна одлука за индивидуалните санкции против граѓани и правни лица од Русија и Украина кои редовно се продолжуваат секои шест месеци, соопшти извор од ЕУ.
„Одлуката неделава без разгледување ќе биде формално одобрена од Корепер (Советот на постојани претставници), а потоа ќе следи писмена процедура“, изјави неименуваниот извор, пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, „завршувањето на процедурата се очекува на 15 септември“. Писмената процедура подразбира потврдување на одлуката од страна на земјите-членки на ЕУ без лично разгледување.
Тој истакна дека се работи за техничка процедура. „Нема да има измена ни во списокот, ниту расправи“, соопшти изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче