Кина и Русија треба да ја засилат заемната поддршка во сферата на заштитата на суверенитетот, изјави во неделата, 4 септември, кинескиот претседател Си Ѓинпин на средбата со претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува „Лента.ру“.
„Нашите земји треба уште поцврсто да ја засилат сестраната соработка, да ја засилат заемната политичка поддршка, поддршката на другата земја за заштита на суверенитетот“, изјави претседателот на Кина.
Си Ѓинпин истакна дека Кина ја поддржува Русија во нејзиниот стремеж „да оди по патот на развој во согласност со реалиите на својата земја“. „Просперитетот на РФ Пекин го гледа како „своја сопствена шанса во развојот“, додаде тој, повикувајќи поактивно да се унапредува процесот на зближување на стратегиите на Евроазиската економска заедница и „Патот на свилата“, како и стратегиите на Москва и Пекинг.
Билатералната средба на Путин и Си Ѓинпин, во текот на која претседателот на РФ му подари на својот кинески колега кутија сладолед, се одржа пред почетокот на самитот на Г-20 во кинескиот град Хангжу. Пред тоа Путин учествуваше на неформалната средба на лидерите на БРИКС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче