Претседателите на Русија и САД Владимит Путин и Барак Обама се договорија да се сретнат во понеделник, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.
„Лидерите се договорија да ја одржат средбата утре“, изјави соговорникот на агенцијата. На прашањето дали средбата ќе биде во целосен формат, Песков истакна дека сѐ уште не е дефинирано – средбата може да се одржи како во кулоарите, така и во целосен формат.
Претходно, и Кремљ, и Белата куќа изјавија дека постои голема веројатност за средба меѓу двајцата лидери на самитот на Г-20 во Хангжу во Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче